ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на населбата Водно.
Oттаму информираат дека поради дефект на приклучна цевка Ф-5/4 на улица Славејко Арсов во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Исто така, поради дефект на затворач Ф-80 милиметри на улица Партение Зографски, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците: Партение Зографски, Периша Савелиќ и Ацо Караманов.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.






