Да бидеш љубезен, да сакаш и да бидеш толерантен е најдоброто нешто кај човекот, велат штипјани по повод Светскиот ден на толеранцијата – 16 ноември. Анкетираните граѓани велат дека меѓусебната почит и разбирањето сè повеќе недостасуваат и дека времињата се промениле, сепак веруваат дека со повеќе љубезност, толеранција и позитивни мисли може да се придонесе за подобро утре.
Ги прашавме и која е најљубезната, воедно и најтолерантната личност во нивното секојдневие, а одговорите беа исполнети со љубов – за едни тоа се нивните деца, за други сопругот, а имаше и такви кои со посебна гордост се потсетија на своите најмили, пресреќни што зборуваат за нив.
Деновиве се одбележуваат Светскиот ден на љубезноста (13 ноември) и Светскиот ден на толеранцијата, денеска (16 ноември), кои нè потсетуваат дека меѓусебното почитување, разбирањето и прифаќањето на различностите треба да бидат дел од нашето секојдневие.






