домаМакедонијаМитовски бара од Владата законски овластувања за отстранување на животните од улиците:...

Митовски бара од Владата законски овластувања за отстранување на животните од улиците: Најави решение за помалку од 10 дена

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, побара од Владата да му овозможи законски овластувања со кои ќе може да ја преземе организацијата и координацијата на активностите за отстранување на животните од улиците и приватните имоти на граѓаните.

Митовски појасни дека од државата не бара финансиска помош, механизација или дополнителни средства од буџетот, туку правен механизам што ќе му овозможи директно да ги координира сите надлежни институции и да го организира решавањето на проблемот.

„Сè што барам од вас е да ми дадете законски мандат. Барам правен механизам што ќе ми овозможи да ја преземам организацијата и координацијата на терен, заедно со сите останати надлежни институции“, порача градоначалникот.

Тој најави дека доколку ги добие потребните овластувања, ќе подготви протокол и оперативен план, а активностите за решавање на проблемот би биле спроведени за помалку од 10 работни дена.

„Ова понижување на граѓаните на државата мора да заврши. Јас сум подготвен да ја преземам одговорноста и да го водам решавањето на овој проблем до самиот крај“, истакна Митовски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img