домаМакедонијаНиколоски на Виенскиот економски форум, во фокус регионалната економска соработка и стратешките...

Николоски на Виенскиот економски форум, во фокус регионалната економска соработка и стратешките инфраструктурни проекти

- Advertisement -spot_img

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, е во работна посета на Виена, каде што учествува на 23. Виенски економски форум. На панел-дискусијата за долгорочната економска соработка ќе ги претстави економските политики на државата, соработката со земјите од регионот и стратешките инфраструктурни проекти.

Форумот годинава се одржува под мотото „Виенски дијалог за иднината 2026 – заедничка визија за заедничка иднина, стратешки предизвици“.

Во рамки на настанот, Николоски ќе се обрати на панел-сесијата „Заедничка визија за долгорочна економска соработка“, на која ќе говори за економските политики и регионалната соработка, како и за инфраструктурните проекти што се реализираат во земјава.

На Форумот учествуваат членови на Бордот на Виенскиот економски форум, министри од земјите од Западен Балкан, претставници на Европската Унија и високи претставници на меѓународни финансиски институции.

Покрај можностите за унапредување на регионалната економска соработка, на средбата ќе се разговара и за предизвиците во процесот на проширување на Европската Унија.

Виенскиот економски форум, под мотото „Виенски дијалог за иднината 2026“, е официјално признаен од Европската комисија во рамки на глобалниот настан „Форум за проширување на ЕУ 2026“.

Целта на Форумот е промоција на регионалниот економски развој од Јадранското до Црното Море и пошироко, преку поттикнување на економската соработка, европската интеграција и заедничките европски вредности.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img