СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Како што информираат од МВР, вчера околу 02:00 часот, по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал неговата 26-годишна девојка од охридско. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Преземени биле мерки и набргу по настанот, во 05:05 часот К.К бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Додека, по барање на ОЈО, Основен суд во Охрид донел решение и му изрече мерки на претпазливост.
Од МВР додаваат и дека во врска со настанот, вчера во 08:50 часот во СВР Охрид, Љ.К.(51) од Охрид, мајка на К.К., пријавила дека Љ.Ѓ.(49), татко на девојката, на мобилен телефон упатил закани на нејзиниот син К.К. и на целото семејство, по што истиот ден во 13:20 часот во Охрид и тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Против него, исто така, ќе биде поднесен соодветен поднесок.






