домаМакедонија„Никој не ѝ вршел притисок“ – Петрова по објавените снимки со Ива...

„Никој не ѝ вршел притисок“ – Петрова по објавените снимки со Ива Михаилова

- Advertisement -spot_img

Ива Михаилова не била изложена на притисок од бугарските власти, изјави бугарската министерска за надворешни работи, коментирајќи ги објавените снимки од разговори во кои Михаилова зборува за наводни притисоци од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС).

Изјавата доаѓа по објавувањето на тајно снимени разговори од бугарскиот јутјубер Станислав Цанов. Во нив Михаjлова зборува дека добивањето рехабилитација и правна помош било поврзано со услов првото интервју да го даде кај новинарот Мартин Карбовски. По објавувањето на снимките, Михаjлова се огласи на социјалните мрежи и порача дека никој во Бугарија не ја принудувал да прави нешто против своја волја.

„Тука добив помош, грижа и поддршка. Не сакам да бидам дел од политички спорови. Најважно ми е да закрепнам и да продолжам со лекувањето во мир“, порача таа.

Од бугарската ДАНС, исто така, ги отфрлија наводите дека нејзини службеници вршеле притисок врз Михаилова. Случајот предизвика реакции во бугарската јавност, а дел од опозициските политичари побараа проверка на наводите и постапувањето на безбедносната агенција.

Во Македонија, против Михаjлова се води судска постапка во отсуство за сообраќајната несреќа кај Кочани, во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img