домаРегионТри брода погодени од дронови кај устието на Дунав: Подигнати се борбени...

Три брода погодени од дронови кај устието на Дунав: Подигнати се борбени авиони, Романија бара помош од НАТО

- Advertisement -spot_img

Три комерцијални брода беа погодени од дронови во текот на ноќта во близина на устието на Дунав во Романија, предизвикувајќи пожари, изјави романскиот министер за одбрана Штефан Раду Опреа. Тој најави дека ќе побара поддршка од сојузниците на НАТО за да се осигури дека Романија може успешно да се одбрани од вакви напади.

Опреа истакна дека трите комерцијални брода биле погодени од дронови за помалку од еден час; екипажите успеале да ги изгаснат пожарите и немало повредени, објави Digi24.

Романскиот министер за одбрана најави дека ќе ја презентира безбедносната состојба во Црното Море на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, што ќе се одржи во вторник и среда во Брисел. Опреа напиша на Фејсбук дека романската крајбрежна стража и други институции одржуваат контакт со екипажите на бродовите, подготвени да интервенираат доколку ситуацијата го бара тоа.

Тој, исто така, изјави дека борбените авиони Ф-16 биле полетале и извршиле мисии по нападите со дронови.

Опреа нагласи дека на Романија ѝ е потребна поддршка од своите сојузници за зајакнување на воздушниот надзор и набавка на опрема за спротивставување на дронови.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img