Вчера во 12:30 часот во гевгелиско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишиле од слобода 72-годишен жител селото.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 72-годишникот бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 60-годишна сопруга.
Извршено било алкотестирање со дрегер, при што било утврдено дека лицето има 2,22 промили алкохол во организмот и бил задржан во Полициската станица Гевгелија.
Известен бил јавен обвинител, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






