домаХроникаПриведен Албанец на Табановце, одземена приколка на товарно возило

Приведен Албанец на Табановце, одземена приколка на товарно возило

- Advertisement -spot_img

При контрола на товарно возило со албански регистарски ознаки било утврдено дека ВИН-бројот на приколката не се наоѓа на фабрички предвиденото место.

На 12 ноември 2026 година, во 14:34 часот, на граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.М. (25) од Република Албанија.

При гранична контрола на товарно возило „Волво“ со приколка „Кроне“, со албански национални ознаки, кое го управувал приведениот, било констатирано дека ВИН-бројот на приколката не се наоѓа на местото предвидено според фабричката оригиналност.

По консултација со јавен обвинител, приколката била одземена, а лицето било задржано во СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img