домаСветФриден: Ниту Американците ниту Русите не можат да одлучат за иднината на...

Фриден: Ниту Американците ниту Русите не можат да одлучат за иднината на Европа

- Advertisement -spot_img

Премиерот на Луксембург, Лук Фриден, денес изјави дека земјите од Бенелукс се „на страната на Украина“ и дека „ниту Американците ниту Русите не можат да одлучат“ за иднината на европските земји.

Во Даблин, на маргините на самитот на европската политичка заедница, Фриден рече дека може да зборува за ова прашање во име на премиерите на Белгија и Холандија, кои не присуствуваат на самитот, а со кои претходно постигна договор, објавува Гардијан.

Тој нагласи дека е неопходна „солидарност на сите 27 земји-членки“ на Европската Унија, во врска со понатамошната финансиска поддршка за Киев.

„Не смееме да дозволиме ниту Американците ниту Русите да одлучуваат за нашата иднина“, рече Фриден, зборувајќи за тоа кој треба да ја претставува Европската Унија во идните преговори за мирно решение за Украина, и предложи претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, „да има важна улога“, објавува Танјуг.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img