Проблемите на Бугарите во Македонија се продлабочуваат – вели бугарскиот премиер Румен Радев. Најавува дека ќе го покрене прашањето за Македонија со генералниот секретар на Советот на Европа на маргините на состанокот на Европската политичка заедница во Даблин.
Настанот се одржува во рамките на ирското претседателство со Советот на ЕУ, каде што учествуваат над педесет шефови на држави. Во Даблин е и шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.






