домаМакедонијаФилипче до Мицкоски: Спинувате и дефокусирате за да избегате од одговорноста за...

Филипче до Мицкоски: Спинувате и дефокусирате за да избегате од одговорноста за Алта банка

- Advertisement -spot_img

Претседателот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче, на денешната Надзорна расправа за „Причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, му порача на премиерот Мицкоски дека единствено што знае е да спинува и дефокусира за да ја избегне одговорноста за Алта банка. Филипче во дополнителното прашање го повика Мицкоси да одговори која е цената којашто ја плаќаат граѓаните коишто сега се редат во редици да си ги извадат своите пари ограничени една одредена сума.

„Премиере, како и секогаш, добар дел од прашањето ви е спин и дефокус. Вие бевте премиер во 2025 година, вие сте премиер сега, не е Димитар Ковачевски премиер. Алта банка влезе кај нас кога сте вие премиер, кога Трајко Славески е гувернер. Што се зборувало на тие седници на Владата тогаш, тогаш сте правеле континуитет од тие одлуки, тогаш на владата или имате забелешки само на еден дел од одлуките на тие влади на СДСМ или само така како што ви одговара?

Не може да се амнестирате од одговорноста. Ја браните банката како ваша да е, како тука да влезе Дојче банка или не знам која светска банка, а не Алта банка чиј сопственик сега е во затвор заради перење пари во Србија.

Тоа е вистината. Имате обврска да знаете за каков, за каков кредибилитет станува збор на газдата на банка којашто влегува тука на пазарот. И тоа што сега се случува е само доказ дека ние на тоа што укажувавме изминатите година дена беше вистина. Клучното прашање е зошто дозволивте, и на тоа не одговоривте влез на таква банка кај нас, за да сега граѓаните имаат таков проблем.

Вие може да дефокусирате и да зборувате и за ковид кризи и за маски и за вакцини и така натаму, ама тоа го правите во последно време ексклузивно кога немате одговор на другите суштински прашања. Давор Мацура е во затвор затоа што е осомничен за перење пари и за излекување близу 400 милиони евра.

Таков газда на таква банка влегла кај нас. Зошто не видовте како била казнета или намерно пропуштивте да видите како таа банка била казнета во Австрија, согласно австриските закони, европските закони. Па во Црна Гора наивни ли се што му забраниле влез на Давор Мацура во земјата? Која е цената која што ние сега сите треба да ја платиме за нестабилноста во банкарскиот сектор, за сомнежот којшто граѓаните го имаат во банкарскиот сектор?

Кој знае каква банка утре ќе влезе? Можеме повторно и за Евростандард да збориме, ама не е тоа суштината. Суштината е да се фокусираме на овие важни прашања и на вашата одговорност. Која е цената којашто ја плаќаат граѓаните коишто сега се редат во редици да си ги извадат своите пари ограничени една одредена сума.Тоа се суштинските прашања, а не ковидот, не вакцините и така натаму“, рече Филипче.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img