домаМакедонијаФилипче: Нашиот мастер план е правен по истражувањата за очекувањата на младите...

Филипче: Нашиот мастер план е правен по истражувањата за очекувањата на младите од генерација Z

- Advertisement -spot_img

Нашиот мастер план ги преточува во конкретни политики очекувањата на младите за достоинствен живот, квалитетно здравство и образование, правична распределба на богатството и борба против корупцијата, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Тој истакна дека програмата се темели на истражувањата за потребите и ставовите на младите од генерацијата Z.

„Прво сакаат достоинствен живот. Ви кажувам податоци од истражувањата. Понатаму сакаат поголемо учество на државата во образованието и здравството. Понатаму сакаат правилна распределба на богатството. Сметаат дека се касно дојдени на светот и не учествувале во распределбата на богатството и дека се прва генерација којашто ќе живее полошо од нивните родители“, рече Филипче.

Тој посочи дека токму овие очекувања се основата врз која СДСМ ги подготвува своите решенија. Меѓу нив се реформата на здравствениот систем, прогресивното оданочување и воспоставувањето услови во кои знаењето и стручноста ќе бидат пресудни за напредувањето.

„Понатаму сметаат дека треба да има правилно и поинакво оподаночување. Притоа сметаат дека данокот на наследство треба да биде поголем отколку данокот на стекнатите пари, затоа што сметаат дека тоа е на некој начин неправедно и ние сето тоа сме го преточиле во нашата програма и нашиот мастер план“, истакна Филипче.

Објаснувајќи ја предложената реформа во здравството, Филипче нагласи дека граѓаните кои плаќаат здравствено осигурување треба да можат да ја изберат здравствената услуга во јавна или приватна установа, со цел да добијат навремено лекување и да се надминат листите на чекање.

Во делот на даночната политика, тој ја образложи определбата за поправична распределба на богатството.

„Понатаму ќе има прогресивен данок. Тоа го сакаат младите. Тоа не е казна за успешноста, тоа е само правилна распределба на капиталот и богатството“, порача Филипче.

Како еден од клучните приоритети тој ја издвои борбата против корупцијата, преку специјален антикорупциски закон, ветинг и соработка со странски експерти и европското обвинителство. Нагласи дека одговорноста мора да опфати и враќање на украдените средства.

„И затоа во нашиот закон не е суштината само да биде некој казнат со тоа што ќе оди во затвор, туку дополнително од тоа ќе треба да се вратат и средствата во буџетот“, истакна Филипче.

Oвие промени се неопходни за младите да ја гледаат својата иднина во Македонија, потенцираше Филипче.

„Нема друг спас за нашето општество. Нема друг спас за да генерација Z, зумерите, тука да ја видат иднината. Верувајте, ако ова не се случи после следните избори, генерации и генерации ќе се селат и ништо друго повеќе нема да биде битно кога ние нема да имаме млади луѓе овде кај нас“, порача Филипче.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img