домаЗанимливостиКолку пари ќе потрошат домаќините за да ги пречекаат гостите?

Колку пари ќе потрошат домаќините за да ги пречекаат гостите?

- Advertisement -spot_img

Почна сезоната на слави, при што некои граѓани решаваат да сечат славски колач и да ручаат само со семејството, а други канат и роднини и пријатели.

Првите велат дека ќе потрошат до 6.000 денари, а оние кои канат повеќе гости за славата си планираат буџет над 12.000 денари за купување на храна и пијалаци. Нашите соговорници објаснуваат дека славите се трошок за семејниот буџет, но како што велат, тоа се прави еднаш во годината и со задоволство се подготвуваат.

„Славам слава и трошокот не е под 12.000 денари. Еднаш славам во годината и не жалам за парите. Порано ако сечењето на славски колач чинело 100 денари, сега е 550 денари, плус крстена вода, да се купат свеќи, значи околу 1.000 денари треба да се планираат само за во црква“, рече Лидија Голубовиќ, граѓанка.

Друга жена вели дека на ручек се собираат само домашните за слава.

„Сечам колач, се собираме домашните, неколку луѓе и трошокот за тој ден е до 6.000 денари“, вели таа.

Но, оние кои сакаат да имаат побогата треза објаснуваат дека за слава трошат и до 20.000 денари.

„Имаме 15 или 20 гости, најблиски. Веројатно се троши до 20.000 денари за купување на сѐ, храна и пијалаци“, рече Гордица Милановска, граѓанка.

Од скопска рибарница велат дека луѓето земаат повеќе видови риба за слава, но мала количина. Некој во рибарница ќе потроши 1.000 денари, а поретко се случува да им дојдат муштерии кои ќе купат поскапа риба и ќе потрошат по неколку илјади денари.

„Ги мешаат, купуваат повеќе видови риба. Најчесто за слава земаат ослиќ, а многу поретко лосос“, додаваат од скопска рибарница.

Оние што немаат време да подготвуваат храна за слава, нарачуваат кетеринг, и тоа чини од 800 до 1.000 денари по лице. Од скопска фирма која нуди кетеринг услуги велат дека луѓето за слава нарачуваат храна за максимум 20 или 30 луѓе.

Инаку, за споредба, српските медиуми пресметаа дека за слава со 20 гости се потребни над 20.000 денари, а ако домаќините сакаат да нарачаат храна, трошокот ќе биде над 29.000 денари. Граѓаните во претстојниот период ќе ги слават Свети Архангел Михаил, Света Пречиста, Свети Никола и други.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img