домаМакедонијаЗа шест часа регистрирани 708 возачи кои ја надминале дозволената брзина

За шест часа регистрирани 708 возачи кои ја надминале дозволената брзина

- Advertisement -spot_img

Вкупно 708 прекршоци за возење со брзина поголема од дозволената биле регистрирани во шестчасовна акциска контрола на територијата на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Контролата била спроведена вчера, во периодот од 11 до 17 часот, од страна на Секторот за сообраќајни работи при МВР.

Од евидентираните прекршоци, 360 биле направени надвор од населено место, додека 348 биле регистрирани во населени места.

Во текот на акцијата полицијата открила и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик. Дополнително, биле констатирани уште 98 прекршоци од друг вид.

Од МВР информираат дека за сите утврдени прекршоци биле преземени соодветни законски мерки.

Министерството најавува дека акциските сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, а истовремено упатува апел до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и сообраќајните правила и да учествуваат во сообраќајот внимателно и одговорно.

„Секој живот е важен“, порачуваат од МВР.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img