домаМакедонијаДел од Скопје денеска без струја и вода, познати локациите и термините

Дел од Скопје денеска без струја и вода, познати локациите и термините

- Advertisement -spot_img

Повеќе делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, додека на неколку локации ќе има прекин во водоснабдувањето поради интервенции на водоводната мрежа, информираат од ЕВН Македонија и ЈП „Водовод и канализација“.

Според најавата на ЕВН Македонија, во периодот од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улиците Среќко Пужалка и Товарник, како и ТС Стрелиште Камник во општина Гази Баба.

Од 8:35 до 11:35 часот прекин на електричната енергија ќе има на дел од улиците Архиепископ Доситеј и Павле Илиќ во општина Чаир.

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата 4 бр. 1 и околните куќи во Р’жаничино, општина Петровец.

Попладневните прекини ќе ги опфатат улиците Методија Митевски и Петра Ичко во општина Чаир, каде што електрична енергија нема да има од 11:55 до 15 часот.

Во истиот период, од 12 до 15 часот, без струја ќе останат и корисниците на улиците Модест Мусоргски, Карл Хром и Карл Либнехт во општина Гази Баба.

Прекини во водоснабдувањето се најавени на неколку локации во општините Гази Баба и Центар.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради промена на шибери на нова водоводна мрежа со профил Ф100 мм и замена на воздушен вентил Ф80 мм, без вода ќе бидат корисниците на улицата Душан Тасковиќ, дел од улицата Коце Металец, дел од улицата Филип Филиповиќ, дел од Гемиџиска, како и улиците Тајмишка и Зеничка во општина Гази Баба. Прекинот ќе трае до завршување на интервенциите.

Дополнително, поради изведување водоводен приклучок Ф150 мм на улицата 29-ти Ноември бр. 53, во населбата Центар, од 10 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на дел од улицата 29-ти Ноември и на потегот од улицата Васил Стефановски до Борка Талевски.

Водоснабдувањето на оваа локација ќе биде во прекин до санирање на дефектот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img