домаМакедонија„Разговори за иднината во 12:05“ бара државна стратегија за забрзување на евроинтеграциите

„Разговори за иднината во 12:05“ бара државна стратегија за забрзување на евроинтеграциите

- Advertisement -spot_img

Иницијативата „Разговори за иднината во 12:05“ бара усвојување заедничка државна стратегија за забрзување на евроинтеграцискиот процес, оценувајќи дека членството во Европската Унија мора да биде надвор од партиските пресметки и политичките калкулации.

Реагирајќи на најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, од иницијативата посочуваат дека европската перспектива претставува долгорочен државен интерес, кој не смее да се поврзува исклучиво со ниту една влада или политичка партија. Според нив, ниту една политичка структура нема право да го присвојува евроинтеграцискиот процес или да полага ексклузивно право на патриотизмот.

Како особено загрижувачки ги издвојуваат оценките на Брисел за политичката корупција, измените на Кривичниот законик од 2023 година, слободата на медиумите и економските показатели. Во однос на економијата, како пример го посочуваат повратот на данокот на додадена вредност, наведувајќи дека од секои 100 денари собран данок, само 14,3 денари навреме се враќаат кај стопанството.

Иницијативата истовремено ја поздравува поддршката на граѓаните за членство во ЕУ, постигнатите резултати во рамките на Планот за раст за Западен Балкан, спроведувањето на Реформската агенда и усогласеноста на земјата со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

Сепак, од таму нагласуваат дека овие резултати не можат да ги заменат суштинските реформи што треба да се спроведат во земјата. Меѓу приоритетите ги посочуваат засилувањето на борбата против корупцијата, промените во политичкиот систем и реформата на изборното законодавство, без нивното спроведување да се условува со полноправното членство во Европската Унија.

Меѓу конкретните предлози е изработка на национален план со кој Македонија повторно би се приклучила кон групата земји со Албанија и Црна Гора во процесот на европска интеграција. Иницијативата бара и постигнување политички и мултиетнички договор за неопходните уставни измени.

Дополнително, предлага воведување една изборна единица и отворени изборни листи, како и законски решенија со кои ќе се спречи застарување на предметите поврзани со политичка корупција.

Како последна мерка се предлага проверка на потеклото на движниот и недвижниот имот на актуелните и поранешните избрани и именувани функционери, како и на членовите на нивните најблиски семејства.

Од иницијативата порачуваат дека евроинтеграциите треба да станат заедничка државна цел, поддржана од политички консензус и конкретни реформски чекори.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img