домаМакедонијаОгромен интерес за милионот: досега пријавени 413 тимови, рокот истекува на 11...

Огромен интерес за милионот: досега пријавени 413 тимови, рокот истекува на 11 ноември

- Advertisement -spot_img

Заклучно со 5 ноември, на второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја се пријавени 413 средношколски тимови, кои со своите креативни и иновативни идеи влегуваат во трката за инвестиција од еден милион денари.

Рокот за пријавување истекува на 11 ноември, а повикот е отворен за сите средношколци во Македонија. За учество не е потребен готов производ, разработен бизнис или претходно претприемачко искуство, туку добра бизнис-идеја, креативност и желба таа да прерасне во нешто поголемо.

Натпреварот е отворен за идеи од сите области – од технологија и образование до екологија, услуги и дигитални решенија. Секоја идеја што нуди нов пристап, решава конкретен проблем или создава нова вредност има шанса за успех.

Во минатогодишното издание победи тимот Stay-Be од Битола со проектот „Систем 4“.

Организатори на натпреварот се Brainster Next College и NU High School Academy, кои преку оваа иницијатива го поттикнуваат претприемачкиот потенцијал на младите.

Сите заинтересирани средношколци можат да се пријават најдоцна до 11 ноември преку платформата natprevar.com.

Натпреварот е поддржан и од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img