домаМакедонијаШефот на швајцарската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис во посета...

Шефот на швајцарската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис во посета на Скопје

- Advertisement -spot_img

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија ќе бидат во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ.

Муцунски денеска ќе биде домаќин на Касис, кој престојува во посета на земјава. На средбата се очекува двајцата министри да разговараат за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка.

На агендата се и актуелните политички состојби во двете земји, регионалната соработка во Југоисточна Европа, како и глобалните и регионалните безбедносни и геополитички предизвици.

Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на ОБСЕ во зачувувањето на мирот, стабилноста и безбедноста, во контекст на претседавањето на Касис со Организацијата.

Предвидена е тет-а-тет средба во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по што Муцунски и Касис ќе одржат заедничка прес-конференција.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img