домаСветДојави за бомби во 19 авиони – паника на небото над Европа

Дојави за бомби во 19 авиони – паника на небото над Европа

- Advertisement -spot_img

Вкупно 19 авиони ширум Европа примиле дојави за бомби, што предизвика нарушувања во воздушниот сообраќај. Европскиот комесар за транспорт, Апостолос Цицикостас вели дека е прерано за тврдења за поврзаност на случаите.

„Безбедноста на граѓаните останува приоритет“, наведе Цицикостас.

Според податоци на „Гардијан“, дојави за бомби примиле вкупно 19 авиони ширум Европа. Меѓу нив, воздухоплови на „Ер Србија“, на „Ер Лингус“, на „Рајанер“, на „Визер“ на ЛОТ, на „Финер“, на „Иџијан“ и на „Иберија“.

Некои летови беа пренасочени кон други аеродроми, меѓу кои летовите од Даблин за Рим, како и од Лондон за Софија и Милано кон Варшава. Најмалку четири лета за Прага, исто така, добиле дојави за бомби, случаи какви што се забележани и на аеродромот во Мадрид.

Компанијата „Иџијан ерлајнс“ потврди дека два нејзини лета од Солун за Милано, односно од Атина за Виена, биле мета на лажни дојави за бомби, додека компанијата „Ер Европа“ потврди дека истото се случило на нејзин авион од Мадрид за Париз.

Цицикостас додаде дека будно се следи ситуацијата и дека европските служби се во контакт со погодените држави членки и Агенцијата на ЕУ за безбедност во воздушниот сообраќај.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img