Викендов се играат сите средби од 13.коло во нашата елитна фудбалска лига. Секако дека двете дербија, во Струга (Струга ТЛ – Шкендија) и во Кратово (Силекс – Вардар) и тоа како го привлекуваат вниманието.
Познати се и судиите кои ќе ја дела правдата. Во Струга каде играат двете водечки екипи ќе суди Стојанче Трпчевски а Кратово задолжен за арбитражата на теренот ќе биде Јован Качевски.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки, тремините и судиите за мечевите од 13.коло:
СУДИИ ЗА 13.КОЛО ВО ПМФЛ
ПЕТОК (06.11.2026)
Кавадарци: Тиквеш – Скопје (Благојче Ралевски) 13 ч
САБОТА (07.22.2026)
Струга: Струга ТЛ – Шкендија Т (Стојанче Трпчевски) 12 ч
Кратово: Силекс – Вардар (Јован Качевски) 13 ч
НЕДЕЛА (08.11.2026)
Куманово: Башкими – Брегалница (Бењамин Керими) 12 ч
Гостивар: Арсими – Шкендија А (Пларент Салихи) 13 ч






