СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Ново Село, струмичко, против 46-годишниот управител на правното лице и против 68-годишно лице од с. Просениково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката на јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и против 52-годишен вработен во Агенцијата за управување со одземен имот од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.






