домаМакедонијаЛДП реагира на настап на коалиционен партнер и бара закон за електронски...

ЛДП реагира на настап на коалиционен партнер и бара закон за електронски нараквици

- Advertisement -spot_img

Либерално-демократската партија реагираше на, како што наведува, оправдување на насилството врз жените од страна на коалиционен партнер на власта на национална телевизија. Од ЛДП побараа премиерот и Владата јавно да се оградат и да го поддржат законското решение за електронски нараквици за насилниците.

Во реакцијата, партијата оцени дека станува збор за „средновековен „машки надзор““ и рече оти тоа е напад врз достоинството, слободата и безбедноста на жените во Македонија.

ЛДП го повика премиерот веднаш да одговори дали тоа е официјален став на Владата, а лидерката и пратеничка Моника Зајкова предупреди дека Министерството за одбрана и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ должат одговори поради тоа што, според партијата, ваквото однесување го промовира професор од академијата.

Зајкова, која повеќепати го предлага законското решение за електронска нараквица за осудените за домашно насилство, порача дека токму за вакви случаи е потребно итно донесување на законот. ЛДП додаде дека, ако премиерот, Владата и Министерството за одбрана веднаш не се оградат и не го осудат говорот на омраза, ќе ги смета за соучесници и виновници за секој нов случај на семејно насилство.

Партијата заврши со повик: „Прекинете со глупави изговори – изгласајте го законот за електронска нараквица веднаш!“

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img