домаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка, a денес глумат загрижени за...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка, a денес глумат загрижени за Алта банка

- Advertisement -spot_img

Лицемерието на СДС и Венко Филипче повторно излегува на површина. Денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират загриженост за Алта банка, а кога во нивно време пропадна Еуростандард банка, ги немаше никаде, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката? Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката. Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Граѓаните знаат и за одлуките на тогашните институции и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација“, велат од партијата.

Затоа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, денес СДС звучат премногу лицемерно.

„Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави начинот на владеење на СДС и прашањата кои останаа неодговорени од вчера. Банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за партиски пресметки. Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал. Двојните аршини на СДС нема да поминат“, пишува во соопштението.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img