домаСветШајки и игли пронајдени во слатки за деца

Шајки и игли пронајдени во слатки за деца

- Advertisement -spot_img

Полицијата во австрискиот град Линц денес објави дека непознати лица ставиле шајки во слатките што им биле поделени на децата за „Ноќта на вештерките“, поради што е издадено предупредување дека слатките што ги собрале децата за време на тој празник не треба да се консумираат.

Предупредувањето на полицијата да не се консумираат слатки собрани од деца што ги посетуваат куќите и становите во округот Линд-Оед е издадено откако еден маж (28) пронашол шајки во чоколади и мастики за џвакање што неговите деца ги собрале за време на „Ноќта на вештерките“, објавува денес „Стандард“.

Полицијата соопшти дека шајките пронајдени во бомбоните биле долги околу еден сантиметар, а некои не биле видливи однадвор.

Слични случаи предизвикаа тревога во Германија за време на викендот, каде што децата пронашле игли и други метални предмети во бомбоните што ги добиле за „Ноќта на вештерките“, кој се слави на 31 октомври, кога групи маскирани деца шетаат низ куќите во нивните населби и луѓето им даваат бомбони.

Полицијата во Германија пријави слични инциденти во Баден-Виртемберг, Баварија, Долна Саксонија и Рајнска област-Пфалц.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img