домаМакедонијаСтојаноска обвини: ВРЕДИ е Тројански коњ, во Брвеница одигра за ДУИ

Стојаноска обвини: ВРЕДИ е Тројански коњ, во Брвеница одигра за ДУИ

- Advertisement -spot_img

Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, ја обвини коалицијата Вреди дека во вториот круг од локалните избори во Брвеница постапила во корист на ДУИ, наместо да покаже дека нуди поинаква политичка опција.

Во гостување во централниот дневник на Сител телевизија, од Брвеница, Стојаноска рече дека Вреди во првиот круг настапила со сопствен кандидат, но во вториот круг одлучила да го поддржи кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ).

Според неа, со ваквиот потег Вреди не успеала да се дистанцира од политиките на ДУИ. Стојаноска оцени дека коалицијата одиграла улога на „тројански коњ“ и ги поделила гласовите од гласачкото тело, што, според нејзината оценка, му одело во прилог на ДУИ.

„Жалиме што Вреди не ја искористи оваа прилика да покаже дека се поразлични од ДУИ“, изјави Стојаноска, посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во првиот круг го поддржале својот кандидат Стојанчо Радичевски.

Стојаноска оцени дека локалните избори во Брвеница нема да бидат тест за стабилноста на владината коалиција. Според неа, вистинскиот тест за власта е спроведувањето на владината програма, за која смета дека засега се реализира според планираното.

Осврнувајќи се на состојбите во опозицијата, таа оцени дека СДСМ по локалните избори станала маргинална политичка партија, припишувајќи му ја одговорноста за тоа на партиското раководство предводено од Венко Филипче.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img