Зголемен одѕив на гласачите е регистриран во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Според податоците на Државната изборна комисија, до 18:30 часот своето избирачко право го искористиле 8.595 граѓани, односно 52,90 отсто од запишаните избирачи.
Податоците се обработени од сите 24 избирачки места, а во споредба со првиот изборен круг, излезноста е повисока за 8,33 процентни поени.
Од ДИК информираат дека во текот на изборниот ден биле поднесени три приговори за заштита на избирачкото право. Сите биле прифатени, по што на подносителите им било овозможено да гласаат.
Избирачките места се затворија во 19 часот, а првичните неофицијални резултати се очекуваат по 20 часот, по обработката на податоците од гласањето.






