домаМакедонијаВо изминатите 24 часа: На повеќе локации во државата се пронајдени марихуана,...

Во изминатите 24 часа: На повеќе локации во државата се пронајдени марихуана, кокаин и прашкаста материја – шест лица се лишени од слобода или приведени

- Advertisement -spot_img

Од МВР информираат дека на 31.10.2026 и 01.11.2026 година, на различни локации во државата, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, кокаин, кафеава прашкаста материја, како и предмети со остатоци од марихуана. Во рамки на преземените активности, пет лица биле лишени од слобода или приведени.

На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, на 31.10.2026 година, во 13:10 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Д.П.Х.(43) од Германија, кај кого при преглед на личниот багаж била пронајдена и одземена марихуана. Истиот ден, во 16:00 часот, бил лишен од слобода и С.М.(37) од Германија, откако при преглед на кампер возило „опел“ со германски национални ознаки, со кое допатувал, била пронајдена и одземена марихуана. Двете лица биле предадени во полициска станица за понатамошна постапка.

Во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.И.(35) од Штип, кај кого била пронајдена и одземена марихуана.

На 31.10.2026 година, во 21:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“, при извршен претрес на четири осудени лица, биле пронајдени и одземени 54 пакетчиња со кафеава прашкаста материја.

Истиот ден, во 21:00 часот, на локалниот пат с. Боговиње – с. Селце Кеч, полициски службеници од ПО Камењане извршиле преглед на паркирано патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, при што кај Е.А.(37) од с. Боговиње бил пронајден кокаин. Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

На 01.11.2026 година, во 02:40 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, бил приведен Ц.В.(18) од струшко село, кај кого при извршен преглед биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од марихуана.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img