Обвинителката Искра Хаџи-Василева е новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК). Таа денеска ја доби довербата по тајно гласање на мнозинството обвинители во државата и победи во конкуренција на обвинителите Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ и Јован Cветановски.
Изборот се спроведува поради истекувањето на мандатот на досегашниот раководител Ислам Абази на 15 ноември, кој оваа функција ја извршуваше од 2022 година и не се кандидираше за нов мандат.
Обвинителката Хаџи-Василева веќе 11 години работи како јавен обвинител. До неодамна беше дел од скопското обвинителство, но од 2024 година се приклучи во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Работела на доста значајни предмети, а нејзиното име во јавноста стана препознатливо по случајот со 350.000 евра зазидани пари на судијата Ѓоко Ристов.






