домаМакедонијаНајмладата пациентка со мозочен удар има 16 години

Најмладата пациентка со мозочен удар има 16 години

- Advertisement -spot_img

Мозочниот удар се почесто ги погодува и младите, а последиците можат да бидат ненадејни и доживотни. Најмладата пациентка на Клиниката за неврологија имала само 16 години, а сега таму се лекува и 37-годишен пациент. Загрижува и фактот што во последните две години лекарите сè почесто се соочуваат со млади пациенти со мозочен удар. Во меѓувреме, болничките капацитети се речиси целосно исполнети, а слободен кревет речиси и да нема.

– Капацитетите овие денови се исполнети. Ние располагаме со околу 57 до 59 легла, некогаш може да додадеме и два кревета доколку има страшна гужва, меѓутоа овие денови речиси и да нема слободно место , како се испишува така се прима нов пациент. Бројот на пациенти кои што се со мозочен удар некаде кај нас се движи од 200 до 300 на 100.000 жители, што не води до врвот на статистиката по број на пациенти кои што ја имаат оваа болест, вели Д-р Јован Божиновски директор на Клиника за неврологија.

Одземеност на раката или ногата, најчесто на едната страна од телото, ненадејни промени и неразбирлив говор, вртоглавица, гадење и повраќање се дел од симптомите што не смеат да се игнорираат. Генетиката е еден од факторите врз кои не можеме да влијаеме, но ризикот може да се намали со контрола на крвниот притисок, шеќерот и мастите во крвта, како и со поздрав начин на живот. Стресот и прекумерното консумирање алкохол дополнително можат да придонесат за зголемување на ризикот, велат надлежните.

– Болеста е меѓу првите болести по инвалидитет. настаува наеднаш, настанува акутно од добро здравје пациентот наеднаш настанува хендикепиран. Таквиот пациент има зголемен ризик за да добие мозочен удар дали тоа ќе биде крварење или ќе биде дисхемичен мозочен удар . Ако добро ја контролира хипертензијата може да биде сосем добар и никогаш да не добие мозочен удар, додава Божиновски.

Кај мозочниот удар секоја минута е важна. Лекарите велат колку побрзо пациентот добие медицинска помош, толку се поголеми шансите за успешно лекување и намалување на трајните последици. Затоа, препознавањето на симптомите и итното барање медицинска помош се од клучно значење. Но, дали граѓаните доволно се грижат за своето здравје и дали навреме ги препознаваат предупредувачките знаци?

– Јас одам само на контроли. Имам пејсмејкер на срце и само за тоа одам и шеќер контролирам и тие работи само, ништо друго. Да ги познавам симптомите за одредена болест.

– Сабалје притисокот ми е висок, со шеќерот сум на граница. Пред месец дена мерев , а секои три месеци одам правм лабораторија.

– Редовно да кај интернист одам, велат граѓаните.

Денеска, на Градскиот плоштад, Клиниката за неврологија организираше превентивни активности со цел подигнување на свеста за мозочниот удар.

Граѓаните имаа можност бесплатно да го проверат крвниот притисок, нивото на шеќер и холестерол во крвта.

Акцијата се спроведуваше и во Тетово, Штип, Кавадарци и Охрид, со цел граѓаните подобро да се запознаат со ризик-факторите и важноста на навремената превенција.

Активностите продолжуваат и утре на Клиниката, каде што ќе се вршат бесплатни прегледи. Граѓаните кај кои ќе бидат утврдени ризик-фактори ќе бидат повикани на дополнителни испитувања. Утврдените ризични пациети ќе бидат повикани на дополнителен преглед.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img