Истрајноста на студентите донесе резултати. Тие многу мудро го модифицираа својот начин на искажување незадоволството, вели во Топ Тема новинарот Игор Трајков.
-На првичните масовни собири на студентите имаше судири, но подоцна разбраа дека тоа не е начин. Туку тоа е начин на надворешни агитатори кои може да им се инфилтрираат и да им предизвикуваат доволно проблеми за да им ја намалат мотивацијата и да ги дискредитираат. Затоа се одлучија на еден креативен начин да ги водат овие протести со организирање маршеви, организирање на маратони, на велосипдески маратони исто. Со што успејаа да ја реанимираат српската јавност која можеби беше малку апатична и размислуваше дека не може ништо да промени дури и да излезат да гласаат и да ги поддржат студентите. Но во крајна линија тоа им донесе позитивен резултат, истакна Трајков.
Тој направи споредба со изборите во Унгарија, истакнувајки дека студентите во Србија земале пример од истрајноста на унгарската опозиција по поразот на Орбан и дека Маѓар бил првиот кој им честитал победа на српските студенти.






