Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД, Никол Варнс, пренесува ТВ21. Во фокусот на разговорите биле реформите во правосудството, владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Шасивари ја истакнал важноста на американската експертиза во реформата на кривичното законодавство, дигитализацијата на правосудството и зајакнувањето на институционалните капацитети.
Двете страни ја потврдиле подготвеноста за продлабочување на соработката преку конкретни проекти, стручна помош и размена на искуства, со цел создавање поефикасен правосуден систем и зголемување на довербата на граѓаните во правдата.






