Судењето на Ива Михаилова ќе продолжи без нејзино присуство, откако судот донесе решение таа да биде судена во отсуство. Одлуката е донесена по предлог на Основното јавно обвинителство Кочани, бидејќи обвинетата во предметот не им е достапна на државните органи.
Михаилова е обвинета за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Од Основното јавно обвинителство Кочани информираат дека следното судско рочиште е закажано за 9 ноември 2026 година, со почеток во 9 часот.






