домаМакедонијаРаичевиќ: Би контактирала со МВР да ме известат за по кои предмети...

Раичевиќ: Би контактирала со МВР да ме известат за по кои предмети тие работат и тогаш ќе одредам приоритетот на ОЈОГОКК

- Advertisement -spot_img

„Меѓу прво и приоритет има разлика, кога ќе ја согледаме состојбата ќе видиме навистина што ќе биде приоритет. Но, прво што би направила кога би отишла во тоа обвинителство, би разговарала со колегите за да го видам обемот на предметите којшто се наоѓа кај нив, во која фаза се и на кој начин се работи“, истакна Лидија Раичевиќ во вечерашната Топ Тема на дебата со тројцата други кандидати за избор на прв човек на ОЈОГОКК.

Второ, би контактирала со Министерството за внатрешни работи, особено со надлежните за организиран криминал за тие да ме известат за пресекот сознанијата коишто ги имаат, по кои предмети тие работат и собираат податоци за откривање на ваков вид на криминал. Откако ќе ја добијам таа слика и сознанијата коишто јас лично ги имам, тогаш ќе го направам планот за тоа што ќе биде приоритет на работа на ОЈОГОКК. Сметам дека приоритетните области не зависат од гласот на јавноста, не секогаш интересот на јавноста го наметнува приоритетот за нивно гонење, тие може да бидат звучни и важни, но што со оние кои не стасуваат до јавноста, истакна Раичевиќ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img