домаМакедонијаАзизи во Топ Тема: Јавното обвинителство е орган кој зависи од тоа...

Азизи во Топ Тема: Јавното обвинителство е орган кој зависи од тоа колку извршната власт ќе даде пари

- Advertisement -spot_img

Во вечерашната Топ Тема дебата со четворица од кандидатите за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинителите Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева, Фатон Азизи и Трајче Пеливанов.

На прашањето кој ќе биде на првата линија на Обвинителството што гони организиран криминал и корупцијата во зeмјава, Фатон Азизи истакна дека во фокусот на на неговата програма е зајакнување на капацитетите на истражниот центар.

Од тука според мене јавниот обвинител добива поголема независност по повеќе основи. Независноста на истражителите, обвинители кои ќе бидат ангажирани перманентно, тим околу јавниот обвинител. Ова се неколку претпоставки кои реално нудат можност јавниот обвинител поефикасно да се вклучи во борбата, рече Азизи.

На прашањето дали очекува финансиска поддршка за тоа, Азизи рече дека најпрво ќе разговара со републичкиот јавен обвинител, бидејќи јавното обвинителство е орган кој зависи од тоа колку извршната власт ќе даде пари, за што ќе следи детален разговор и со министерот за правда и со министерот за финансии и по можност и со премиерот.

За резултати е потребна финансиска поддршка. Борбата против криминалот ја водиме со ресурсите кои моментално ги имаме и се труди обвинителството да ги следи трендовите но потребни се повеќе финансиски средства за подобри резултати, истакна Азизи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img