домаМакедонијаНад 6.000 граѓани веќе гласале: Брвеница го избира новиот градоначалник

Над 6.000 граѓани веќе гласале: Брвеница го избира новиот градоначалник

- Advertisement -spot_img

До 17 часот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница гласале 6.392 избирачи, односно 39,34 отсто, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Во последните два часа, од 15 до 17 часот, на гласање излегле дополнителни 1.328 граѓани, со што излезноста се зголемила за 8,17 процентни поени. На претходниот пресек, до 15 часот, гласале 5.064 избирачи, а излезноста изнесувала 31,17 отсто.

Податоците откриваат големи разлики меѓу избирачките места. Највисока излезност е регистрирана на избирачкото место 2032 – 70,21 отсто, каде што гласале 462 избирачи. Следува избирачкото место 2044 со 65,38 отсто, додека на избирачкото место 2033 излезноста достигнала 59,96 отсто.

Најниска излезност до 17 часот е забележана на избирачкото место 2036/1 – 15,27 отсто, со 129 гласачи.

Пресекот ги опфаќа сите 24 избирачки места, а податоците на страницата на ДИК се ажурирани во 17:42 часот. Во Избирачкиот список за Општина Брвеница се запишани вкупно 16.256 избирачи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img