Од вкупно 88 болни и немоќни лица, досега 85 го оствариле своето право на глас, информира Државната изборна комисија (ДИК), повикувајќи се на досега пристигнатите информации.
Од вкупно девет лица запишани во Избирачкиот список кои издржуваат затворска казна или се во притвор, досега гласале седуммина.
Гласањето на овие лица се спроведува во три казнено-поправни установи на територијата на Македонија, во Скопје, Штип и Тетово.
Од ДИК информираат и дека гласањето во Брвеница денеска започнало во 7 часот наутро и се одвива непречено, без пријавени проблеми или тешкотии при остварувањето на избирачкото право и спроведувањето на изборниот процес.






