домаМакедонијаСтојко Рамов е нов претседател на СОНК, ветува дека ќе го врати...

Стојко Рамов е нов претседател на СОНК, ветува дека ќе го врати достоинството на просветните работници

- Advertisement -spot_img

Стојко Рамов е избран за нов претседател на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, по повлекувањето на Јаким Неделков, кој го предводеше синдикатот 16 години.

Рамов соопшти дека приоритет во неговата работа ќе биде потпишувањето колективни договори во образованието и културата, како и подобрувањето на социјалниот дијалог и на економските и социјалните услови на просветните работници. Како што најави, ќе се залага за унапредување на социјалниот дијалог и партнерствата на сите нивоа – со Владата, министерствата, локалната самоуправа и работодавачите, со цел подобрување на условите и на економскиот и социјалниот статус на просветните работници. „Ќе се залагам за враќање на достоинството на просветниот работник и за негово поставување на местото што го заслужува во ова општество“, изјави Рамов.

Поранешниот претседател на СОНК, Јаким Неделков рече дека станува збор за социјалниот дијалог и колективните преговори, тие мора да продолжат и да завршат што е можно поскоро, бидејќи тоа го очекува членството. Како што изјави тој, добар дел од работата е завршен и прашањата се усогласени, но одредени економски околности, поволни или неповолни, биле пречка да се реализираат договорите.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img