Добар законодавен процес е бавен процес. Ако треба нешто од птичја перспектива да биде проценето, е кога навистина ги употребуваме ресурсите што навистина се на располагање во општеството. Почнувајки од добри анализи кои што ќе овозможат добра основа на некаква промена на закон. Па преку консултации… Сето тоа е навистина важно, вели за Вин Вин политикологот Миша Поповиќ.
-Она што беше упатено во скринигот дека треба да се намали праксата која што и во претходната Влада беше како на пр. злоупотреба на европски знаменца, некои скратени постапки за носење на закони. Сега ги гледаме дека се повторуваат со иста суштина, а она што јас секогаш го зборувам е дека новата форма на корупција е благодарение на унапредувањето на транспаретноста поради притисокот од ЕУ, поради притисок од граѓанско општество. Кога има транспарантност, единствениот начин како да ја намaлите корупцијата е во законите и нападот е токму во легислативата. И не треба како граѓанско општество да се фокусираме само кон имплементација што ни недостига, туку и кон квалитетот на процесот на носење на политики и на закони, порачува Поповиќ.






