Пазарот на јавни набавки е најголемиот пазар во земјата, затоа е и многу интересен. Тој е инструмент на властите во двете нивоа и на национални и на локално ниво. И за жал е мета на секојдневни злоупотреби, ова во Вин Вин го изјави Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.
–Што може да се направи? Законот не е проблем. Ист е како што е во ЕУ. Каде што има многу помалку корупција. Ниту се бараат веќе некакви дупки, ниту празнини недоречености во законот. Грубо се крши законот, губо се крши здрава логика. Се знае дека ќе ги видиме тендерските документации, гледаме дека тие се менуваат од тендер во тендер, се прилагодуваат и некој на крај ги добива. Имаме три понудувачи на пр. поевтините се отфрлаат, поскапата понуда се прифака. Сумите, и денар и една милијарда ако е злупотребено е злоупотребено, истакнува Филков.






