Општина Ново Село планира да понуди уште една парцела за изградба на викенд населба на планината Беласица откако ги продаде плацевите кај Мокрино и Смоларе. Викенд населбите во подбеласичкиот регион треба да ја ублажат побарувачката од сместувачки капацитети во непосредна близина на водопадите и природните убавини на Беласица бидејќи се планираат да се подигнат 34 типски куќи.
Кај Мокрино продадени се сите 21 парцела. Населбата се наоѓа во непосредна близина на културно историскиот локалитет со средновековната кула Приго а со помош на Светска банка изградена е патна инфрастурктура со улично осветлување
Кај Смолари пак се продадени останатите парцели. Метар квадратен достигна и цена и до 30 евра поради што општината инкасираше околу 5, 7 милиони денари пари кои ќе ги инвестира во уредување на инфраструктурата на населбите.






