домаСвет(Видео) Три милиони луѓе останаа во целосен мрак: Киев доживува тешки времиња

(Видео) Три милиони луѓе останаа во целосен мрак: Киев доживува тешки времиња

- Advertisement -spot_img

Руските напади врз енергетската инфраструктура во четвртокот предизвикаа големи прекини на електричната енергија во Киев, го запреа градското метро и го нарушија водоснабдувањето, објавува „Киев Индепендент“.

Според градоначалникот Виталиј Кличко, четири лица загинаа во нападите со беспилотни летала, додека најмалку 19 беа повредени.

„Еден од клучните енергетски објекти за снабдување на Киев беше цел на нападот. Енергетските работници прават сè што е во нивна моќ за што поскоро да го вратат снабдувањето со електрична енергија“, рече премиерот Денис Шмихал.

Прекинот на електричната енергија ги запре возовите и ескалаторите во метрото и значително влијаеше на другите форми на јавен превоз.

Граѓаните беа принудени да бараат алтернативни средства за транспорт, што предизвика огромни сообраќајни метежи на патиштата.

Пумпите за вода беа повторно пуштени во употреба до 21 часот, но властите предупредија дека ќе биде потребно време за притисокот во мрежата целосно да се нормализира. Во петокот во 00:30 часот, делови од Киев на левиот брег на Днепар сè уште беа без електрична енергија, додека на десниот брег снабдувањето беше делумно обновено.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img