Во пресрет на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, Државната изборна комисија потсетува дека болните и немоќните лица кои не се во можност да гласаат на своето избирачко место, треба навремено да поднесат известување до Општинската изборна комисија Брвеница.
📌 При пријавувањето е потребно да се достави:
– Известување до ОИК
– Соодветен медицински доказ за болеста во оригинал или копија, или важечко решение за користење туѓа нега.
📩 Известувањето може да се достави лично, преку полномошник или по електронски пат.
⚠️ Лекарско уверение од матичен лекар без соодветна медицинска документација од лекар специјалист не се прифаќа.
🗓️ Краен рок: 10 октомври 2026 година, до 24:00 часот.
Гласањето на немоќни и болни лицa ќе се спроведе на 17 октомври 2026 година.






