домаРегионКос: ГРАДЕТЕ ДОВЕРБА, соработувајте – тоа ги отвора вратите кон Европа

Кос: ГРАДЕТЕ ДОВЕРБА, соработувајте – тоа ги отвора вратите кон Европа

- Advertisement -spot_img

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека за Европската комисија од суштинско значење се добрососедските односи и зајакнувањето на довербата преку конкретна соработка во областите каде што тоа е веднаш изводливо.

Одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од билатералните средби, Кос нагласи дека токму таквиот прагматичен пристап може да ги отвори вратите за поширока регионална интеграција, потсетувајќи дека меѓусебната соработка останува темел на европските вредности.

– Многу е важно да се гради довербата. Ние сме на добар пат, а исто така сме на пат да соработуваме во областите во кои тоа е можно и можеби тоа може да ни ги отвори вратите за поширока соработка – рече Кос.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img