Пратеникот од редовите на Левица најави контра предлог на предлогот на Стопанската комора за кратење на празниците.
Лидерот и член на Президиумот на политичката партија Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, со кратка порака до јавноста најави дека тој и неговата партија ќе изнесат во Собранието контра мерка на предлогот од Стопанската комора кој предизвика лавина негативни реакции во јавноста.
„Они ќе предложат укинување на празниците, ние ќе предложиме шестчасовенработен ден!“, креатко соопшти професорот по римско право.
Левица ја потврди негфовата најава: „Тие за капиталот, ние за работникот!“
Потоа Апасиев додаде дека „шведскиот експеримент служи како пионерски пример за тоа како повторното разгледување на традиционалните работни структури може да резултира со позитивен исход и за вработените и за работодавците, отворајќи го патот за попрогресивен пристап кон работата во модерната ера“.
Во понеделникот, Стопанската комора ги презентираше своите предлози за измени на Законот за празниците, со кои „во насока на оптимизирање на бројот на неработни денови и зголемување на продуктивноста и економската ефикасност“ ќе бара намалување на празниците во календарската година.
Според оваа инцијатива, чиј интерес е исклучиво профитот, а не животот на работникот, бројот на неработни денови индиректно би се свел на 13, а празниците што се паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник.
На тоа остро реагираше и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов: „Стопанска комора зборувале да кратат празници, а да платат не им се слуша!“






