домаМакедонијаЗавршни зборови во судот во Куманово, обвинителството бара доживотен затвор за Бојковски

Завршни зборови во судот во Куманово, обвинителството бара доживотен затвор за Бојковски

- Advertisement -spot_img

Во Основниот суд во Куманово денеска се одржаа завршните зборови во судскиот процес против Трајче Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Обвинителството побара доживотна казна затвор.

Јавниот обвинител Љубомир Лапе во завршниот збор оцени дека доказите покажуваат оти четирите жртви биле убиени на сличен начин – со давење и притисок врз градниот кош. Според него, кај дел од жртвите биле констатирани и други повреди, а ДНК-траги од обвинетиот биле пронајдени кај две од жртвите и кај една од преживеаните жени.

Обвинителството наведе дека двете преживеани жени во своите искази опишале дека биле фатени за врат, соборени и давени.

Во однос на убиството на Станче Каревска, кое Бојковски не го признава, обвинителот посочи дека обвинетиот во свој исказ изнел детали за времето и начинот на извршувањето, за кои Обвинителството тврди дека се совпаѓаат со форензичките наоди.

Според Обвинителството, психијатриското вештачење покажало дека обвинетиот има способност за прикривање и дека постои ризик од повторување на делата. Лапе наведе и дека во конкретниот случај постоеле повеќе околности и мотиви кои, според Обвинителството, биле релевантни за кривичната одговорност.

Адвокатите на оштетените се согласија со барањето на Обвинителството и побараа надомест на трошоците за постапката и оштетно-правни побарувања.

Адвокатката Драгана Илиевска-Тодоровиќ изјави дека, според доказите изведени во постапката, нема сомнеж дека Бојковски е одговорен и за убиството на Станче Каревска, кое тој не го признава.

Одбраната, пак, побара Судот да донесе пресуда врз основа на сите докази. Адвокатот Тони Цветковски изјави дека начинот на извршување и утврдените повреди може да бидат индиции, но сами по себе не се доволен доказ за вина.

Тој посочи на биолошките траги под ноктите, чиј ДНК-профил се совпаѓа со обвинетиот, како материјален доказ, но оцени дека кај двете преживеани жени не може целосно да се утврди умислата на обвинетиот само врз основа на нивните искази.

Одбраната побара Судот да ги земе предвид и околностите дека Бојковски признал дел од делата, дека досега не бил осудуван и дека е млад.

На следното рочиште Основниот суд во Куманово треба да ја изрече пресудата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img