Дрвокрадци во селото Отља, Липково, се обиделе да ѝ избегаат на полицијата така што го истуриле товарот со дрва и го блокирале патот.
Случајот го објави директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, кој сподели видео од полициската потера. На снимката се гледа како дрвокрадците ги истураат дрвата на патот, по што полицајците не можат да продолжат со потерата.
Според Михаилов, во акцијата на МВР е одземена поголема количина нежигосана дрвна маса, посечена без соодветна документација.
Одземената дрвна маса е складирана во складот на ПШС Куманово.
Од „Национални шуми“ најавуваат продолжување на акциите против нелегалната сеча и кражбата на дрва.






