домаХроникаКамион и два автомобили се судрија на „Борис Трајковски“, двајца завршија во...

Камион и два автомобили се судрија на „Борис Трајковски“, двајца завршија во болница

- Advertisement -spot_img

Двајца скопјани се повредени во сообраќајна незгода што утрово се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, а во која учествувале товарно возило и два автомобили.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“, незгодата била пријавена денеска, 6 октомври, околу 06:50 часот во СВР Скопје.

Во сообраќајката учествувале товарно моторно возило „ман“ со полуприколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Д. (59) од Скопје, автомобил „сеат“, исто така со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Р. (29), како и „фолксваген пасат“ управуван од А.Ј. (48), двајцата од Скопје.

Во незгодата повреди добиле возачите на „сеатот“ и „пасатот“, Т.Р. и А.Ј.

Тие биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што им била укажана лекарска помош.

Засега нема дополнителни информации за тежината на нивните повреди.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img