домаМакедонијаУЈП предупредува: Не отворајте линкови од лажни СМС пораки

УЈП предупредува: Не отворајте линкови од лажни СМС пораки

- Advertisement -spot_img

Управата за јавни приходи (УЈП) предупредува дека денеска до граѓани пристигнуваат лажни СМС пораки испратени во име на институцијата, преку кои се прави обид за измама и можна злоупотреба на лични и финансиски податоци.

Во пораките, кои се испраќаат со приложен линк, се наведува: „Потсетник на УЈП: Статутот на вашата сметка за социјално осигурување е абнорамaлен. Препорачуваме да го решите проблемот што е можно поскоро“.

Од УЈП апелираат до граѓаните да не го отвораат линкот и да не внесуваат лични, банкарски или други чувствителни податоци доколку ја добијат ваквата порака.

– Станува збор за порака која може да биде обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци – предупредуваат од Управата.

Граѓаните се повикуваат сите информации поврзани со УЈП да ги проверуваат исклучиво преку официјалните канали на институцијата, односно преку официјалната веб-страница, е-услугите и официјално објавените контакт-адреси и телефонски броеви. За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на:

Е-пошта: info@ujp.gov.mk

Инфо центар: 0800 33 000 (само од фиксни оператори)

Телефон: 02 3253 200

Веб-страница: www.ujp.gov.mk

Од УЈП дополнително апелираат граѓаните да не кликаат на линкови од сомнителни SMS пораки и да не споделуваат лични или податоци поврзани со нивните банкарски сметки.

Граѓаните се повикуваат да го споделат предупредувањето со своите блиски, со цел да се спречат можни злоупотреби.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img