Во Скопје вчера се одржа првата, конститутивна седница на Централниот одбор на Новата социјалдемократска партија (НСДП).
На седницата беше усвоен Деловникот за работа на Централниот одбор, а беа избрани и членовите на Извршниот одбор, генералниот секретар, потпретседателите и секретарите на партијата.
За генерален секретар на НСДП повторно е избран м-р Мики Милковски, кој и досега ја извршуваше оваа функција.
За потпретседатели на партијата се избрани Соња Мираковска од Скопје, Зоран Маневски од Куманово, д-р Венцо Вуинов од Виница и Драги Крстев од Битола.
На функциите организациски секретари се избрани Зоран Георгиев од Битола и Иван Трајковски од Скопје, додека за секретар за меѓународна соработка е избран Марјан Дамјановски од Скопје.
Во составот на Извршниот одбор на НСДП беа избрани вкупно 17 членови.
Со конституирањето на Централниот одбор и изборот на партиските тела, НСДП го комплетираше новиот организациски состав на раководството.






